Sunday, June 23, 2013

Наркоманија

ШТО Е ТОА ДРОГА ?

Дрогите се природни или синтетски материи кои внесени во организмот на човекот  кај  некои луге одпрвин предизвикуваат чувство на пријатност , но покасно со повторно земање доведуваат до промени во свеста и расположението за да  на крајот доведат до зависност од нив .
Повторуваната употреба на дроги доведува до појава на наркоманија која се карактеризира со : несопирлива желба да се продолжи земањето на дроги и по секоја цена да се обезбеди нејзиното добивање , склоност да се наголемува дозата на дрогата и психичка а по некогаш и физичка зависност од дејството на дрогата .
За појавата на наркоманијата означение се следниве фактори:
а. Специфично фармаколошко дејство на дрогата: - еуфорично дејство , пријатност одстранување на болките и стравот и др.
б. Фактор на личноста : - многу современи психијатри тврдат да идните наркомани се регистрирани од онаа категорија на личности кои поседуваат некои скриени или манифестни пореметувања на личноста . Се работи за емоцијонални незрели личности , неуротичари кој ја зимаат дрогата за да ја намалат својата напнатост , ив о невозможност да ги совладаат своите лични проблем ии конфликти бегат од нив во опојното дејство на дрогата . Поред некои личности некои ја зимаат дрогата поради својата бунтовност кои имаат силни желби да бидат “подруги” од својата средина, а понекогаш ја земаат поради љубопитност да се доживее нешто ново и чудно и желбата да се направи нешто што е забрането.
в. Социјално -културни фактори т.е од достапноста на дрогата и ставот на општеството кон нивната употреба.
Од неконтролирана, медицинска и незаконска употреба на дроги не може да се има никаква корист.


Дирекното штетно дејство на дрогата може да се манифестира во вид на тешки труења и телесни оштетувања. Дрогите имаат и хронично штетно дејство кое резултираат на постепени и долготрајни труења со нив. Тие доведуваат до стварање на психичка и физичка зависност. Долготрајната употреба на поедини дроги е причина за тешки психички пореметувања. Луѓето што употребуваат дроги почесто страдаат во разни несреки било да ги предизвикуваат тие или други. Наркоманите се во контакт со светот на криминалот и подземјето. Тие за да дојдат до дрога често не бираат средста. Нивното однесување често е антисоцијално или криминално.,
Социјалното, телесното и друштвеното пропаѓање на наркоманот негативно се одразува на неговата фамилија и занимање. Наркомаијата има и негативен економски ефект како врз самиот наркоман кои своите дроги скапо ги плаќа, така и за општеството кое трпи губитци поради неговото боледување разорување на семејството и евентуално антисоцијални акти.
Од сето ова произлегува дека решавањето на проблемот на наркоманијата не е лесна работа. Наркоманијата не е првенствено болест на поединецот, но проблем на општеството , тогаш е и природно да се прифати ставот дека општеството е најповикано да го решава тој проблем т.е комплексноста на проблемот бара ангажирање на многу стручнаци, не само здравствени работници, но и социјолози, психолози, просветни работници, практично целокупната општесвена заедница.
Општеството во целина мора да се ангажира во настојувањето да ствара друштвено здрави особи, снажни, отпорни спремни да ги решаваат своите проблеми со рационални методи, а не по пат на опивање на својот ум со дрога постигнуваат бегство од реалноста, бегство во имагинарен и вештачки заборав.

Состав и дејство на дрогата 
           
Под поимот дроги кои предизвикуваат опасност, подразбираме дроги кои имаат способност да влегуваат во интеракција со живите организми, предизвикувајќи состојба на психичка или физичка или пак двете (Депенденце Продуцион Друг). Дрога може да биде било која природна или синтетичка супстанција која поседува некоја посебна или изборна привлечност.
Такви се опојните дроги кои се сметаат за супстанции од природно или синтетичко потекло со чија употреба може да се создадат состојби на зависност, што можат да го загрозат човековиот интегритет во физичка, психичка или социјална смисла. Како опојни дроги се сметаат и психотропните супстанции. Од фармаколошки аспект, дрогите имаат дејство, предизвикано од хемиските својства на супстанциите, кои влијаат на структурата и функцијата на живите организми, а со тоа го менуваат расположението и свеста на човекот.

           
Дејството на дрогата ја менува човековата личност, а со повеќекратно консумирање се оштетуваат одредени витални органи. Дрогата има дејство и врз менталниот живот, проследено со лудило, параноја и шизофренија. Користење на прекумерни дози доведува до смрт. Исто така имаат влијание и врз психичката преобразба на личноста, проследено со физичко и психичко распаѓање, слабеење на нервниот систем, менување на карактерот. Со сето ова не само што е засегнат поединецот, туку засегнати се и семејството и општеството во целост.
            Дејството на дрогата врз поединецот, со повремено или трајно корисење, води кон толеранција, а толеранцијата е поврзана со потребата од постојано зголемување на неопходната доза дрога поради постигнување исти, веќе доживеани ефекти. Самото дејство на дрогата води кон психичка и физичка зависност, а злоупотребата на дрогата и нејзиното дејство врз животот и организмот на човекот, предизвикано од хемиските супстанции што ги содржи дрогата, има штетни последици врз индивидуата и општеството во целост.

Видови дроги 

Постојат повеќе приоди и класификации за поделба на дрогите, кои најчесто се злоупотребуваат во светот и кај нас.
Според потеклото, дрогите ги делиме на:
 1. природни - се добиваат од билки или сонивна преработка; 2. синтетички - се добиваат по хемиски пат во легални или илегални лаборатории. Овие дроги во последно време ги има во голем број и со различно дејство, а нивната злоупотреба е се почеста последниве години.
Постојат многу поделби на дрогите, меѓутоа поради нивно подобро согледување, поделени се на следниве шест групи: 

1. Канабиоди (канабис дроги): • Марихуана • Хашиш • Хашишово масло
2. Халуциногени: • ЛСД • ПСП (фенциклидин) • Мескалин • Псилоцибин
3. Наркотици: • Опиум • Морфиум • Хероин • Метадон
4. Психостимуланси: • Кокаин • крек • Амфетамини • метанфетамини • екстази
5. Психодепресори: • седативи (барбитурати) • транквилизери (бензодиазепини)
6. Други видови супстанции: • испарливи течности (лепаци, разредувачи и сл.)
7.Канабиноиди (канабис дроги)

            Во овие видови дроги спаѓаат марихуаната, хашишот и хашишовото масло. Како една од најкористените дроги во светот и кај нас е марихуаната. Ова растение се одгледува во повеќе делови од светот, на најразлични начини: во саксии на тераси, во оранжерии, во паркови и места скриени од случајни минувачи (мочуришта, планински делови итн.).
За разлика од марихуаната, хашишот пак се одгледува во тропските краишта кое лачи поголема количина смола, која се собира на најразлични начини и најразлични форми. Неговото има потекнува од зборот хасхисхан или во превод “џвакач на трева”. Најсилно дејство од овие дроги има хашишовото масло, кое се добива по хемиски пат со одвојување на чистата смола од канабисот, потоа доаѓа хашишот, а најслабо дејство има марихуаната. Најважна активна супстанција на чие дејство се должат ефектите на канабис дрогите е ТХЦ супстанцијата (тетрахѕдроцаннабинол). Од нејзината количина зависи и силината на ефектот на овој вид дроги.

8.Халуциногени дроги

Халуциногените дроги спаѓаат во најстарите и најдобро познавани дроги кои се користат заради нивната способност да ја променат човечката перцепција и расположение. Природните халуциногени дроги, кои се наоѓаат во растенијата и габите, векови наназад се користеле за религиозни, медицински и социјални цели, меѓутоа денес се произведуваат бројни синтетички халуциногени дроги, кои по својот ефект врз човечкиот организам далеку ги надминуваат нивните природни оргинали.      
Во овој вид дроги влегуваат: ЛСД, ПСП (фенциклидин) - најопасна дрога меѓу останатите, мескалин, псилоцибин и др. Биохемиската, фармаколошката и физиолошката основа на халуциногената активност не е доволно позната, па затоа името на оваа група не е најсоодветно, бидејќи сите други од оваа група не предизвикуваат секогаш халуцинации. Сепак, сите тие земени во нетоксични дози, предизвикуваат промени во перцепцијата, начинот на размислување и расположението. Меѓутоа, мора да се има предвид дека ефектите на халуциногените дроги се непредвидливи и различни секогаш кога се земаат.

9.Наркотици (опијати и опиоди)

Зборот, наркотици, потекнува од грчкиот збор “наркос”, кој всушност значи супстанции што предизвикуваат спиење. Во наркотици, спаѓаат природните (опиумот, морфиумот, кодеинот и тебаинот), полусинтетичките (хероинот, хидроморфинот, оксикодеин и хидрокодеинот) и синтетички (мепердинот, метадонот и со него поврзаните дроги, фентанил и пентазоцинот) наркотици.
Покрај медицинската употреба, наркотиците се најчесто злоупотребувани дроги по канабис-дрогите и во последно време ја преземаат доминацијата. Ефектите на наркотиците врз човечкиот организам зависат од дозата, начинот на употреба, претходното искуство и очекувањето на корисникот, односно неговата психичка состојба. Со зголемување на дозата, токсичните ефекти се зголемуваат. Карактеристично за наркотиците е тешкото лечење на зависниците од овие дроги, поради тешките апстиненцијални кризи кои се јавуваат кај корисникот.

10.Психостимуланси

Психостимулансите се природни или синтетички супстанции кои внесени во човечкиот организам, предизвикуваат стимулација на централниот нервен систем. На тој начин, се предизвикува будност, помала психичка и физичка замореност, намален апетит и слично. Најчесто користени стимулатори се никотинот, кој се наоѓа во тутунот и кофеинот, потоа во кафето, чајот и други напивки.
Во оваа група спаѓаат кокаинот, крекот, амфетаминот, и неговите деривати (екстази и др.), метанфетамин. Во медицината постои примена на овие супстанции кај некои видови заболувања, меѓутоа нивната злоупотреба е почеста отколку легалното користење. Психостимулаторите кои се злоупотребуваат, можно е да развијат физичка зависност, додека психичката е високо развиена. Предозирањето со ваков вид дроги може да доведе до смрт.

11.Други видови супстанции 
 
Во оваа група спаѓаат испарливите течности кои во вистинска смисла на зборот не се дроги, но се употребуваат за наркотизирање. Во оваа група спаѓаат: пареа од бензин, лепило, мастило и друго. Овие средства претежно ги користат деца од 10 до 15 години. Се консумираат со вдишување на пареата што кај консуматорот создава опиеност со особено возбудување и веселост, можни се оштетувања на мозокот, нервниот систем, до промени на манталниот и физичкиот развој.
Социолошко-криминолошко сфаќање за појавата, ширењето и злоупотребата на дрога Современата социолошка наука во светот се повеќе наоѓа интерес за проучување на општествените појави и процеси кои имаат непосреден одраз врз целината на општествениот живот. Во таа смисла и криминалот и социјалните појави стануваат предмет на истражување и од социолошки аспект. Така, за криминалното однесување се смета дека е погодна почва за развивање во секоја организирана општествена заедница, и дека е во тесна врска со нејзините општествено - економски и социјални услови.
Социологијата како наука ги изучува законитостите на општествениот развој. Со оглед на тоа дека криминалитетот претставува негативна појава, воедно значи и изучување на причините и условите кои придонесуваат одредено лице да се јави во улога на лице со криминално и антисоцијално однесување. Со овој проблем се занимава криминалната социологија. Злоупотребата на дрога се карактеризира како помасовна појава која се шири во услови на развиени општествено-економски и социјални услови, опфаќајќи ги сите слоеви на општеството, особено меѓу младите генерации.


Ако се тргне од мултикаузалноста, како основа за проучување на причините на која било криминогена и социо - патолошка појава, ќе се види дека и злоупотребата на дрога е предизвикана од повеќе фактори кои придонесуваат оваа појава да исплива на површина и да егзистира и во сегашни современи услови.
Злоупотребата на дрога како социо-патолошка појава има димензии од епидемиолошки карактер, со катастрофални последици врз младите генерации и општеството во целост. Оваа појава карактеристична е за целиот свет, а за повеќе земји претставува национален проблем, прераснувајќи во социо-патолошка појава од меѓународни рамки. Дрогата го следи човекот низ историјата, така што луѓето ја култивирале, но не ја прифатиле како средство за уживање, применувајќи ја како лек во исклучителни случаи кога требало да се смири болка, несоница или слично и тоа во умерени количини и во одредени дози. Можеме да заклучиме дека разни луѓе земаат дрога во различни услови и околности, но последните децении злоупотребата на дрога добива големи димензии, што придонесува за нејзина експанзија.
 
Не треба  да се изгуби иод предвид и зголемувањето на на венеричните заболувања за чие зголемување игра голема улога зголемениот талас на наркоманијата  кај нас и во светот.За разлика од старата класична наркоманија кои изолирано живееле во зависност на дрогата и по тој пат ги решавале своите лични потреби , современите млади наркомаи доста пркосно, јавно, колективно во мали или поголеми групи уживаат во дрогите, градејќи свое друштво, свои општествени принципи, спротиставувајќи се на пошироката општествена заедница, на нејзиниот начин на живеење, на нејзините општествени принципи и норми пропаѓираки при тоа слобода која им е ускратена врзувајќи се пред се на нагонските чувства ,,љубов, секс и битисање,,.


СТОП ЗА БОЛЕСТИТЕ НА ЗАВИСНОСТ !!!




 

No comments:

Post a Comment