Пушење е вдишување на чадот од растение што гори,
особено тутун од цигара, пура или луле. И покрај социјалните и медицински
совети против пушењето, оваа навика е раширена насекаде во светот. Никотинот и
другите слични алкалоиди влијаат на психоактивната состојба и заедно со
катранот (остаток кој содржи смола и други пропратни соединенија) имаат
негативни здравствени последици. Тие последици вклучуваат рак на белите дробови,
рак на грлото и орален рак, срцеви болести, удари, емфисема, хроничен бронхитис
и дегенерација на кожата.
Пушењето, исто така го зголемува ризикот од други
болести. Пасивното пушење (вдишувањето на чадот од другите пушачи) го зголемува
ризикот на непушачите од рак на белите дробови и ризикот од синдромот на
ненадејна смрт кај бебињата. Програмите за самопомош и докторската помош,
заедно со никотинските лепенки и гуми за џвакање кои ја обезбедуваат потребната
доза на никотин, спаѓаат во помагалата кои им се на располаѓањена оние кои
сакаат да се откажат од цигарите. Многубројните кампањи против пушењето во САД
го намалија бројот на пушачи, иако во останатите држави тој сѐ уште е во
пораст.
Исушениот тутунов лист за пушење се користи како
што се:цигара, пура и тутун за лула и др.При пушењето се врши горење на тутунот
т.е сува дестилација при што се ослободуваат повеќе отровни супстанции кои се
составен дел на тутунскиот чад, а меѓу нив најопасен е никотинот.Никотинот
претставува силен отров.Една цигара содржи 5 мг. никотин. Десе цигари или 50
мг. Се доволни да убијат човек.Пушачите кои пушат многу повеќе цигари на ден
добиваат секогаш тровање, бидејќи околу 50 % од никотинот оди во чадот,во
околната средина 25 % се распаѓа при горењето на цигара, околу 20% останува во
организмот на пушачите и околу 5 % останува во пепелот.
Освен споменатите состојќи, при пушењето се
ослободуваат и тутунски катран кој се смета за причинител на една од најтешките
и засега неизлечиви болести ракот.
Незнаејки какви опасности крие тутунот лугето,младите и децата наивно ја
ставаат првата цигара во уста.при тоа се придржуваат на своите другари што
пушат сметајки дека така ке изгледаат повозрасни, посериозни и поважни. Кога
почнат да ги чувствуваат последиците од пушењето , насојуваат да се откажат од
него, но тоа веќе не е можно , бидејки се состава навика од која тешко ке можат
да се одвикнат.
Пушачите скоро секогаш настојуваат да го прикажат
пушењето како општо прифатена форма на однесување заради што сметаат дека
тоа не е болест, поради што во денешно време пушат и многу жени кои сметаат
дека пушењето е симбол на еманципираност.Мегутоа, сосем сигурно докажано дека
пушењето причинува активни и хронични пореметувања на функцијата на оделни
органи и системи и воопште на човечкото здравје.
Пушењето доведува до пореметување на човечкото
однесување , односно човекот станува зависен од пушењето и од него не може да
се одвикне без поголеми тешкотии особено во однесувањето , заради што пушењето
се смета за болест на зависност како што е алкохолизмот и наркоманијата, од
тука произлегува дека пушењето претставува болест што во одредени ситуации
треба да се лекува и делува превентивно затоа што :
- пушењето е причина за многу заболувања.
- смртноста на пушачите е за 80-100% поголема одколку кај непушачите,
- пушачите умираат најчесто од : болести на крвните садови на телото, на
срцето,хронични воспаленија на дишните патишта и белите дробови, рак на
бронхиите, белите дробови, грлото и усните.
Со пушењето во организмот се внесуваат веќе споменатите отровни состојки кои
дирекно делуваат на дишните патишта и почнуваат воспалителни процеси (пушачки
катарќ и кашлица, заболување на белите дробови и нивното проширување, како и
тешки неповратни промени на сетивото за мирис и вкус.
Тутуновиот катран како што и порано споменавме е
причинител на најтешката и засега неизлечлива болест-рак на устата, грлото,
дишните патишта и белиот дроб. Отровните состојки кои навлегуваат во крвта по
крвен пат се пренесуваат до сите органи на телото, особено во мозокот каде
најбрзо се забележуваат односно чувствува неговото дејство а кое се манифестира
со :раздразливост, главоболка, несвестица, гадење, повраќање, и воспаление на
нервите и на органите за вид.
No comments:
Post a Comment